ШТО Е ЕВРОПСКИОТ ПРОИЗВОДСТВЕН ПРАШАЛНИК (EMS)?
EMS се спроведува од 2001 година и ја организираат повеќе истражувачки институти и универзитети од различни европски земји. EMS ги истражува компаниите од производствениот сектор и тоа како тие користат технолошки и организациски иновации (нови технологии, нови начини на работа и управување) и какви подобрувања во перформансите можат да се постигнат со нив. Досега се собрани податоци од осум анкетни циклуси од кои произлегуваат голем број на научни публикации, технички извештаи и насоки за подобрување.

КОЈА Е ВАШАТА УЛОГА?
Македонските компании анонимно го пополнуваат овој прашалник. Анализите на националните податоци од EMS служат за унапредување на научното знаење и за поддршка на креирање политики преку евалуација на технолошки и економски мерки. Дополнително, преку истражувачки соработки се спроведуваат интернационални компаративни анализи помеѓу земјите учеснички.



ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА ПРАШАЛНИКОТ


УПАТСТВО ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ И ИСПРАЌАЊЕ НА ПРАШАЛНИКОТ


КОНТАКТИ ЗА БИЛО КАКВИ ПРАШАЊА


РОКОВИ ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ И ИСПРАЌАЊЕ