Од денес започнува попилнувањето на Европскиот Производствен Прашалник 2026 за Македонија. Истиот е веќе дистрибуиран на над 600 македонски претпријатија кои ги исполнуваат критериумите за вклученост во истражувањето.
Прашалникот опфаќа теми што се дел од секојдневното работење: технологии, производство, вработени, дигитализација, иновации, трошоци, квалитет и идни инвестиции.
Со пополнувањето на прашалникот, компаниите придонесуваат:
- да се откријат силните и слабите страни на нашата индустрија и/или вашата компанија во споредба со Европската;
- компетитивно позиционирање на нашата индустрија и Вашата компанија на Европскиот пазар;
- идните анализи, препораки и државните стратегии да се темелат на реални податоци од компаниите, а не на претпоставки;
- Македонија да биде подобро претставена во европските споредби.
Сите информации поврзани со прашалникот, самиот прашалник за преземање, како и упатството за пополнување и испраќање може да ги најдете на следниот линк.

Leave a Reply