Smart Learning Factory – Skopje (SLFS) го проширува својот тим и бара проектен асистент со желба за развој во областа на Lean менаџмент и дигитални технологии!
Опис на позицијата
Проектниот асистент ќе биде вклучен во работата на тековниот проект AISkills4Lean, органзиација на Lean Six Sigma обуки, но и во други проекти што ќе произлезат во текот на ангажманот. Се очекува проектниот асистент да помогне во секојдневните активности на лабораторијата, да помогне во подготовката на идни проекти, да ја користи опремата во лабораторијата откако ќе помине тренинг за истата.
Платениот ангажман е за 2-3 дена во седмицата во просториите на SLFS, по договор. Периодот за работа е 1 година. Ангажманот може да биде продолжен согласно заедничкиот интерес и можностите.
Потребни квалификации
• Дипломиран студент или студент во последна година од студирање
• Приоритет ќе имаат студенти од техничките науки
• Вештини за анализа на податоци
• Силни комуникациски вештини
• Способност за самостојна работа и за соработка со другите членови од тимот
• Познавање на соодветниот софтвер и алатки, особено Microsoft Office
• Задолжително е писмено и вербално познавање на англискиот јазик
Начин на функционирање
• Дел од флексибилен тим – заеднички се договараме за вашиот работен распоред
• Ние сме флексибилни и разбрани доколку ви треба повеќе време и насоки за одредена задача
• Ќе се погрижиме да ви обезбедиме драгоцено работно искуство и препораки за понатамошни ангажмани
• Датум на започнување: 1 ноември 2024 година
Зошто да аплицирате?
• Контакти со интернационални организации
• Изучување на нови и современи области
• Вредни можности за понатамошен развој во кариерата
• Драгоцени контакти со индустрија
• Можност за проучување на Lean Six Sigma методологијата и сертифицирање по неа
• Можност за работа на магистерска тема, паралелно со работниот ангажман. Доколку е од интерес, темата може да биде тесно поврзана со работата во SLFS
Како да аплицирате?
Испратете ни го вашето CV и краток опис од 200 зборови кои најдобро го опишуваат вашиот интерес за оваа позиција до 10 октомври 2024 на learningfactory@mf.edu.mk. Кандидатите/кандидатките кои се од посебен интерес ќе бидат повикани на интервју.
Што е Smart Learning Factory – Skopje?
Smart Learning Factory – Skopje е основана во 2023 година и се наоѓа на Машинскиот факултет, „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Ја води тим од Катедрата за индустриско инженерство и менаџмент.
SLFS е креирана во рамки на проектот Learn4SMEs „Learning Factory for Improving Digital Competitiveness and Industry 4.0 Readiness of SMEs in Balkans “ финансиран од EIT-Manufacturing, кофинансиран од Европската Унија, каде Техничкиот универзитет од Виена и Festo Lernzentrum го водеа процесот.
Главната цел на SLFS е да создаде физичка симулациска средина за учење производствени концепти каде што студентите и луѓето од индустријата можат да учат нови технологии и понатаму да ги развиваат своите вештини, фокусирајќи се на Lean Management и Industry 4.0. Има спроведено повеќе интернационални проекти, работи на иновативни тренинзи за индустријата и спроведува проекти во индустријата заедно со своите партнери.
Прочитајте повеќе за работата на SLFS на нашиот веб-сајт https://learningfactory.mf.edu.mk/
Со нетрпение ги очекуваме вашите апликации!
Leave a Reply