СЕСИЈА 1: Lean Six Sigma обуки во Smart Learning Factory – Skopje

Smart Learning Factory – Skopje организира обуки за Lean Six Sigma кои за првите 40 учесници ќе бидат кофинансирани од страна на USAID преку Активноста Партнерства за економски раст. Ова значи дека USAID покрива 16.000 МКД од вкупната вредност на обуката, додека Вие или Вашата компанија доплаќа 16.000 МКД + ДДВ.

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА

Вовед во Lean
Вовед во Six Sigma
Интеграција на Lean Six Sigma
DMAIC рамка
– Дефинирање – Што подобруваме?
– Мерење – Што ни кажува процесот моментално?
– Анализирање – Кој е коренот на проблемот?
– Подобрување – Кои концепти ќе ни го решат проблемот?
– Управување – Осигурување и одржливост на решението.
Насоки за реализација на индивидуални проекти

ШТО ДОБИВАТЕ?

  • теоретски подлоги за Lean Six Sigma и DMAIC рамката,
  • практични примери во Smart Learning Factory – Skopje,
  • пристап до toolkit со над 50 алатки од областа,
  • поддршка во изработка на реален проект,
  • сертификат за успешно реализирана обука
  • можности за понатамошна поддршка и имплементирање проекти на ниво на компанија.

Сертификат ќе добијат само оние слушатели кои ќе го положат тестот и ќе го презентираат сопствениот проект.

Оваа форма е наменета за пријавување на учеството за Lean Six Sigma обуките. Принципот на прифаќање на пријавените е според FCFS (прв дојден – прв услужен), притоа проектниот тим го задржува правото да го ограничи бројот на учесници од една иста компанија.

Можете да се пријавите веднаш со пополнување на следната форма: https://forms.office.com/e/Xbn1nzFYcR

Активноста на УСАИД Партнерства за економски раст го задржува правото да го ограничи бројот на ко-финансирани места (учесници) по компанија за предвидените циклуси во февруари, март и април 2024 година.

За повеќе информации, обратете се на нашите социјални мрежи, e-mail learningfactory@mf.edu.mk или на следните телефонски броеви +389 78 28 38 48 и +380 72 254 429.


Posted

in

by

Tags:

Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *