Нов циклус на Lean Six Sigma обуки во SLFS

Lean Six Sigma обуките за компании поддржани од УСАИД преку Активноста Партнерства за економски раст, а организирани од страна на Smart Learning Factory – Skopje, ПРОДОЛЖУВААТ!

После четири успешни сесии, обуките продолжуваат од оваа есен со нов циклус! Резултатите од претходните сесии можете да ги погледнете во booklet-от тука.

ШТО ДОБИВАТЕ?

  • теоретски подлоги за Lean Six Sigma и DMAIC рамката,
  • практични примери во Smart Learning Factory – Skopje,
  • пристап до toolkit со над 50 алатки од областа,
  • поддршка во изработка на реален проект,
  • сертификат за успешно реализирана обука
  • можности за понатамошна поддршка и имплементирање проекти на ниво на компанија.

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА

  • Вовед во Lean
  • Вовед во Six Sigma
  • Интеграција на Lean Six Sigma
  • DMAIC рамка
    – Дефинирање – Што подобруваме?
    – Мерење – Што ни кажува процесот моментално?
    – Анализирање – Кој е коренот на проблемот?
    – Подобрување – Кои концепти ќе ни го решат проблемот?
    – Управување – Осигурување и одржливост на решението.
  • Насоки за реализација на индивидуални проекти

Конкретни датуми:

Група 1: 19, 20, 26 и 27 ноември 2024 година

Група 2: 11, 12, 18, 19 февруари 2025 година

Група 3: 24, 25 февруари, 3, 4 март 2025 година

Група 4: 25, 26 март, 1, 2 април, 2025 година

Сите пријавени ќе бидат контактирани од тимот на SLFS за потврда и понатамошни насоки за кофинансирање. Сите прашања и коментари, слободно праќајте ги на learningfactory@mf.edu.mk или на +389 71 254 429 и +389 78 283 848.

Активноста на УСАИД Партнерства за економски раст го задржува правото да го ограничи бројот на ко-финансирани места (учесници) по компанија за предвидените циклуси во 2024 и 2025 година.


Posted

in

by

Tags:

Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *